„Ова е круната на мојата кариера“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фенербахче е нов шампион во Евролигата, денеска го совлада Олимпијакос со 80:64.

Четата од Истанбул уште еднаш покажа колку може да биде страшна кога е најпотребно, а еден од најефикасните како денеска така и целата сезона беше Никола Калиниќ.

Денеска имаше 17 поени, 5 асистенции и 5 скокови.

„Пресреќни сме. За ова работевме, трениравме и се боревме. Верувавме во себе кога никој не веруваше во нас. Ова е круната на мојата кариера“ – изјави накратко Никола Калиниќ.