Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Ѓоковиќ беше поразен во Шангај во ½-финалето од Агут со 2:0 во сетови.
Ѓоковиќ по натпреварот изјави дека проблемите со неговата форма морало да се случат порано или подоцна.
„Морам да се концентрирам на психичката, емотивната страна на проблемот. Можеби сум исцрпен поради големиот број на натпревари во последните 15-20 месеци.“
„Ова мораше да се случи порано или подоцна. Никогаш не очекував дека со години ќе играм на врвно ниво. И ова е добро искуство.“
Тој исто кажа дека не разбрал некои одлуки на судијата и затоа се скара со него.
„Не разбрав некои одлуки кои ги донесе. Одев да го сменам својот рекет, ја сменив и маицата, а тој ми даде предупредување. Тој беше ѕвезда на натпреварот. Тоа сакаше да биде денес.“