До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во овие денови се објавуваат списоците на репрезентациите за квалификационите натпревари за СП во Русија, а на нас, наместо сениорските, во вниманието ни дојдоа младите селекции на Франција и Шпанија.
Селекторите Пиере Манковски и Алберт Селадес имаат страшни состави, а само делумен поглед на нив дава до знаење дека овие две држави на треба да се плашат за својата фудбалска иднина.
Поедини француски медиуми се запрашаа дали ова репрезентација веќе сега е подобра од актуелната сениорска.
Нормално дека тоа е претерано, но младите Французи изгледаат одлично. Во нападот нема место за Муса Дембеле бидејќи негово место го превзема Осман Дембеле, Корнет и Халер.
Троец во средниот ред (Лемар, Рабио, Толисо) вреди речиси 40 милиони евра, а и во одбраната тука се одлични имиња.
Проблем Франзузите имаат на десен бек па изгледа дека левакот Менди може да се проба на таа страна. На левата страна останува Амави, а во срцето на одбраната се Хернандез и Диоп. Голот го чува Дидилон.
Шпанците истотака се одлочно потполнети.
Аризабалага стана прв голман на Атлетик, пред него се стоперите Мере и Кастро и одличниот бековски двоец Белерин и Гаја, а средниот и напаѓачкиот ред се состои од веќе етабилирани играчи.
Во срцето на екипата администрира троец од три најсилни шпански клубови – Суарез, Асенсио и Торес, на крилата е Делуфеу и Вилијамс, а напред Мунир.
Дуелот на овие две екипи би било вистинско задоволство да се гледа, но на него најверојатно ќе чекаме дури на ЕП.
Дотогаш ќе можеме да играме со предвидување кој може да победи во овој дуел.
Ако нешто може да ви значи во евентуалната погодување, Шпанија, според Трансфермаркт, е нешто поскапа екипа…
ФРАНЦИЈА:
Голмани:
Томас Дидиљон (Мец( 1.5 милион
Мајк Маигнам (Лил) 800 илјади
Пол Нарди (Рен) 1.5 милион
Одбрана: Јодан Амави (Астон Вила) – 10 милиони
Иса Диоп (Тулуз) 2.5 милиони
Лукас Хернандез (Атлетико Мадрид) 10 милиони
Преснел Кимбембе (ПСЖ) 2 милиони
Клемент Леглет (Нанси) 2.5 милиони
Бенјамим Менди (Монако) 9 милиони
Бенјамин Павард (Штутгарт) 800 илјади.
Среден ред: Тиемуе Бакајоко (Монако) 4.5 милиони
Винсент Козиело (Ница) 7.5 милиони
Томас Лемар (Монако) 12 милиони
Адриен Рабио (ПСЖ) 12 милиони
Корентин Тилисо (Лион) 13 милиони
Напад:
Жан Кевин Огустин (ПСЖ) 1.5 милион
Максвел Корне (Лион) 7 милиони
Муса Дембеле (Селтик) 3 милиони
Осман Дембеле (Борусија Дортмунд) 14 милиони
Себастијан Халер (Утрехт) 7.5 милиони.
Вкупно: 122.6 милиони
Шпанија:
Голмани:
Кепа Аризабалага (Атлетик) 1.5 милион
Алехандро Ремиро (Леванте) 1 милион
Рубен Бланко (Селта) 1 милион
Одбрана:
Џони Кастро (Селта) 6 милиони
Алехандро Грималдо (Бенфика) 2 милиони
Хорхе Мере (Спортинг Хихон) 5 милиони
Хесус Ваљехо (Ајнтрахт) 3 милиони
Хектор Белерин (Арсенал) 18 милиони
Хосе Луис Гаја (Валенсија) 18 милиони
Среден ред:
Микел Мерино (Борусија Дортмунд) 3 милиони
Марлос Љоренте (Алавес) 800 илјади
Оливер Торес (Атлетико Мадрид) 15 милиони
Дани Кабаљос (Бетис) 6 милиони
Инаки Вилијамс (Атлетик) 20 милиони
Денис Суарез (Барселона) 15 милиони
Маркос Асенсио (Реал Мадрид) 12 милиони
Напад:
Мунир Ел Хадади (Барселона) 10 милиони
Самуел Кастиљехо (Виљареал) 5 милиони
Жерар Деулофеу (Евертон) 9 милиони
Борха Мајорал (Волфсбург) 2.5 милиони
Вкупно: 153.8 милиони















