Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонските каратисти учествуваат на Европско универзитетско првенство кое се одржува во Куимбра, Португалија.
Нашите претставници забележаа извонреден успех обезбедувајќи пласман во финалето. Петар Заборски и Сара Радичевска ќе се обидат да стигнат до златниот медал. Заборски ќе се сретне со фаворизираниот Де Пина Родриго Мацедо од Португалија, додека пак Радичевска во финалната борба исто така против себе ќе го има претставникот на Португалија, Леал Сара.
Наташа Стефаноска ќе се бори за бронзениот медал против каратистката на Шпанија, Гарсиа Аура.
Во Португалија на универзитетското Европско првенство има 220 спортисти од 108 универзитети од 30 држави, а разврската за медалите ќе биде во текот на утрешниот ден.