Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Руската тенисерка Марија Шарапова доби покана за ВТА турнирот во Мадрид, кој ќе се игра две недели затоа што нејзината суспензија завршува по 15 месеци.
Турнирот во главниот град на Шпанија стартува на 5-то мај, а Русинката доби „вајлд карта“. Како што беше најавено Шарапова ќе игра претходно во Штутгарт на крајот на април.
„Шарапова побара барање за учество на турнирот. Таа е една од најдобрите тенисерки во последните 15 години, како и претходно освојувачка на трофејот во Мадрид. Се надеваме дека ќе дојде многу мотивирана.“
Шарапова во Мадрид победи во 2014-та година, кога во финалето беше подобра од Симона Халеп. Освојувачката на 5 Грен Слем трофеи за време на минатогодишниот Австралијан Опен во крвта имала недозволена супстанција и беше суспендирана поради тоа.
Таа тврдеше дека не знае дека мелдониумот се наоѓа на листата на забранети суспстанции од почетокот на 2016-та година.
Судот за спортска арбитража во Лозана и ја намали казната од 2 години на 15 месеци.