Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот Швајцарец, Федерер изјави дека се чувствува одлично.
Федерер по Вимблдон одлучи да го откаже остатокот од сезоната затоа што сакаше целосно да оздрави од повредата на коленото.
„Се чувствувам во овој момент многу добро, тренинзите напредуваат според очекувањата. Се ближам до моментот кога ќе можам да кажам дека сум 100% подготвен.“
Тој прво најави дека на теренот се враќа на почетокот на 2017-та година кога ќе настапи на Хопман купот, но сега изјави дека може да се врати и оваа година.
„Можеби ќе играм на ИПТЛ, се зависи од тоа како ќе се чувствувам.“