До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бобан Николов е еден од играчите кои се повикани од страна на селекторот Игор Ангеловски за претстојните пријателски средби против Азербејџан и Финска што ќе се одиграат во Анталија.
Ова го потврдија од таборот на Видеотон преку нивната официјална веб страна.
Сигурно е дека на пријателските средби ќе го нема Давид Митов Нилсон кој откажал поради проблем со повреда на раката.
Веројатно во репрезентацијата ќе биде повикан и Даре Велковски кој е во немилост на управата на Вардар откако се одлучи да потпише пред договор со хрватска Риека.















