Од Виљареал потврдија: Солдадо се сели во Фенербахче!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

“Жолтата подморница” летово се ослободи од неколку играчи, а по сѐ изгледа следен на листата е и напаѓачот Роберто Солдадо.

 

Извори од внатрешноста на клубот потврдија дека Виљареал е влезен во преговори со Фенербахче за трансфер на 32-годишниот напаѓач Роберто Солдадо. Солдадо повеќепати ја изрази желбата дека сака да го напушти клубот, па според шпекулациите изгледа дека тоа ќе му се исполни.

Фенербахче веќе ги има договорено личните услови со Роберто Солдадо и во моментот се чека двата клуба да се договорат за висината на трансферот.

 

Ова ќе биде втора авантура на Солдадо надвор од Шпанија, откако претходно настапуваше и за тимот на Тотенхем.