Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Берахино најголемо внимание привлече во 2013/14 кога на 38 натпревари постигна 14 голови.
Во тој период за него беа заинтересирани многу поголеми клубови од ВБА.
Најупорен беше Тотенхем кој сакаше да плати 25 милиони евра, а откако беше одбиена понудата, Берахино се разочара, па не сакаше повеќе да игра за клубот.
Меѓутоа ситуацијата помеѓу нив се поправи, но Берахино не беше тој стариот.
Следеше сезона со само 4 голови, а оваа сезона тој е уште полош. Досега не постигна ниту еден гол, па нова шанса чека од 10 септември.
Освен тоа, тој сега се занимава и со други работи. Тестовите покажаа дека неговата идеална тежина е промашена за 4 килограми, па од клубот е на посебен план тренинг за да го намали вишокот на килограми.
Интересно е тоа што летово ВБА имаше можност да го продаде во Кристал Палас или Стоук за 20 милиони евра, но тие ги одбија тие понуди.