Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тутоспорт“ пренесува дека од таборот на Тотенхем се сериозно заинтересирани во иднина во своите редови да го видат синот на Чоло Симеоне, Џовани.
23 годишниот фудбалер во моментов со успех настапува за тимот на Фиорентина, а минатата сезона постигна 14 погодоци во дресот на клубот од Фиренца.
Аргентинецот има договор со Виола до 2022 година, а доколку го посакува во своите редови Покетино ќе мора да издвои минимум 40 милиони евра.
Интересно е што Тотенхем ќе има сериозна конкуренција од таткото на Џовани, Диего, кој исто така го посакува својот син во Атлетико Мадрид.