Озил во Јунајтед: Што има на ова да каже Арсенал?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Пред неколку денови се појави информација дека Манчестер Јунајтед сака да го ангажира Месут Озил, на кој му нуди месечна плата од 250.000 фунти.

    Германскиот фудбалер има договор со Арсенал уште 18 месеци, а во Лондон одлучија да не седат со скрстени раце и му понудија нов договор.

    Според медиумите, Арсенал на Озил му нуди 200.000 фунти неделно и најверојатно тој ќе потпише нов договор. Тој моментално заработува 140.000 фунти неделно и доколку го продолжи договорот ќе стане најплатен играч на Арсенал.

    Преговорите помеѓу Озил и Арсенал наскоро ќе почнат, а навивачите на Арсенал се оптимистични бидејќи овој фудбалер веќе неколку пати изјави дека му е убаво во Лондон.