„Опасен сум кога сум 100% подготвен“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Аргентинецот Дел Потро е пресреќен по освојувањето ан титулата во Шведска, прва за него уште од јануари 2014.

    Дел Потро во финалето го победи Сок со 7:5 и 6:1.

    Да потсетиме, тој поради големи проблеми со повреди на зглобот на раката беше надвор од терените.

    „Бев малку загрижен поради рејтингот и бројките. Јас сакам само да играм подобро. Кога сум 100% подготвен може да биде опасно.“

    „Последните 2 години се обидувам да го решам својот проблем и не очекував дека во оваа фаза во кариерата ќе бидам во состојба да освојам титула.“

    На најновата АТП листа тој е 21 играч во светот, а тоа е напредок за 21 место во однос на минатиот понеделник.