„Остани уште 10 години и ќе бидеш како Бергкамп“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Месут Озил е во одлична форма и еден од јунаците на Арсенал. Навивачите очекуваат тој да игра одлично и против Тотенхем.

    Сепак, сите ги загрижува фактот дека тој не го продолжил договорот, па наскоро би можел да го напушти тимот.

    Преговорите за продолжување се во тек, а Арсенал му понудија нов 4-годишен договор, со што би заработувал 200.000 фунти.

    Венгер одлучи да ја спореди неговата кариера со таа на легендата Денис Бергкамп, кој за Арсенал играше 11 години.

    „Постојат многу сличност помеѓу нив. Може ли Озил да стане легенда како Бергкамп? Мислам дека може, ако остане верен на клубот. Бергкамп играше долго за Арсенал, се пензионираше на 38 години. Се надевам дека Озил ќе остане уште 10 години. За да станете легенда на клубот, мора да останете што е можно подолго. Ако играте 2 години, сигурно нема да бидете легенда.“

    Тој е презадоволен со неговите игри.

    „Мислам дека сега е посреќен, а тоа е последица на неговите игри. Разликата е во тоа што сега е фокусиран на ефикасноста. Кога дојде, повеќе беше фокусиран на самата игра, меѓутоа сега размислува и за други работи.“

    Да потсетиме, Озил го засили Арсенал во 2013 година, откако стигна од Реал за 42 милиони фунти.

    https://youtu.be/lYC9Y28geKg