„Останувам затоа што клубот има иднина“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне објави дека останува во главниот град на Шпанија и по оваа сезона.

„Останувам тука. Останувам, затоа што клубот има иднина, а таа иднина сме сите заедно. Ќе имам состанок овие денови за разговорите за продолжување.“

Атлетико оваа сезона заврши на 3-то место во Примера, а за време на водењето на Симеоне, тимот ја освои лигата во 2012-та година, како и купот во Шпанија, суперкупот на Шпанија и 2 пати играше финале во ЛШ.