Останува без титула: Фјури позитивен на кокаин!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Актуелниот шампион во светот на боксот во тешка категорија, Тајсон Фјури беше позитивен на кокаин.

    На него на 22 септември, ден откако го откажа реваншот со Кличко, му беше земен приберок од урина во која биле пронајдени трагови на кокаин.

    Се очекува Фјури да направи Б примерок, но доколку и тој примерок биде позитивен, тој ќе остане без шампионскиот појас во тешка категорија.

    Промотерот на англискиот боксер, „Хенеси спортс“ денес наведоа дека Фјури не е „медицински подготвен да се бори“, но не наведа детали за откажување на натпреварот против Кличко на 29-ти октомври.

    Фјури во ноември 2015-та година го победи Кличко по 11 години и ја освои ВБА, ВБО, ИБФ, ИБО, како и најголемиот појас на магазинот „Ринг“, но од тогаш не влезе во рингот.

    Во кариерата има 25 победи, од кои 18 со нокаут.

    ИБФ појасот му е одземен истата година бидејќи не можеше да го брани во одредениот рок.