Останува казната: Шарапова доби 9 месеци помалку!


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Судот за спорт ја намали суспензијата за 9 месеци на Марија Шарапова.

    Поранешната најдобра тенисерка прво беше казнета со 2 години забрана, но по најновата одлука ќе има шанса да се врати на теренот во мај.

    Таа беше суспендирана од Меѓународната тениска федерација бидејќи била позитивна на мелдониум на Австралија Опен во јануари. Таа призна дека го користи тој лек долги години поради лични причини, а тој лек е забранет од 1-ви јануари оваа година.

    Шарапова се жалеше на одлуката за суспензија, а судот во Лозана ја прифати делумно.

    На Русинката казната и започна на 26-ти јануари, а завршува на 25 април 2017-та година на полноќ, па така ќе може да се појави на наредниот Ролан Гарос.