Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
20 годишната Јелена Остапенко приреди големо изненадување откако ја совлада Симона Халеп и стана шампионка на Ролан Гарос.
Во денешното финале, младата тенисерка од Летонија беше подобра од Халеп од Романија со 2:1 по сетови (4:6, 6:4, 6:3).
Остапенко имаше негатива по првиот, а губеше и во вториот, но потоа направи големо изненадување и со пресврт се врати во игра. Во решавачкиот сет младата тенисерка доминираше и заслужено го доби големото финале.
Утре на програмата е финалето во машката конкуренција помеѓу Рафаел Надал и Станислас Вавринка.