Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе биде активен на трансфер пазарот овој јануари, а најголемо внимание ќе насочи кон дефанзивната линија.
„Дејли Стар“ пренесува дека Мурињо има три јануарски трансфер желби, и пред се ќе сака во својот тим да донесе еден искусен централен дефанзивец.
Се шпекулира дека најреална опција е Гери Кејхил од Челси кој воопшто не е во плановите на Маурисио Сари иако минатата сезона играше константно под водство на Конте. Втора опција е Диего Годин кого Манчестер Јунајтед се обиде да го донесе во последниот ден од летниот преоден рок.
И како трета трансфер желба на Мурињо се споменува младиот 22 годишен фудбалер на Рома, Лоренцо Пелегрини.