Откриено зошто Јунајтед му блокирал два трансфери на Мурињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо имаше многу желби летоска, но ниту една од нив не беше исполнета, а сега е откриено што се крие зад два неуспешни трансфери.

Манчестер јунајтед цело лето бараше стопер, а Мурињо е свесен дека проблем му е одбраната, па негови најголеми желби беа Тоби Алдервејрелд и Хери Мегваер.

Сега е откриено и зошто тие двајца не го засилиле клубот од „Олд Трафорд“.

Стоперот на Тотнем, Алдервајрелд претставувал само краткорочно решение бидејќи има 29 години, па Ед Вудворд смета дека треба да се ангажираат млади фудбалери, кои ќе може да напредуваат.

Што се однесува до Мегваер, Вудворд сакаше да потпише со него договор, но на крајот заклучи дека репрезентативецот на Англија не би претставувал напредок за „црвените ѓаволи“.