Откриено кога УЕФА ќе донесе одлука за казната на Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо доби директен црвен картон во натпреварот од првото коло во групната фаза од Лигата на шампиони помеѓу Валенсија и Јувентус (0-2) на „Месталја“.

Јунак на победата за „старата дама“ беше Миралем Пјаниќ, кој погоди двапати од пенал. Сепак, „бјанконерите“ можеше да завршат многу полошо.

Португалецот дефинитивно ќе го пропушти наредниот дуел против Јанг Бојс, но би можел да биде суспендиран и за средбата на „Олд Трафорд“ против својот поранешен клуб, Манчестер јунајтед.

Сега беше објавено дека УЕФА ќе донесе одлука за неговата суспензија на 27. септември, па ќе се знае дали Роналдо ќе биде суспендиран за повеќе натпревари.