Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тиему Бакајоко е нов фудбалер на Челси откако денес го комплетираше трансферот од редовите на Монако.
22 годишниот Бакајоко успешно ги помина медицинските прегледи и покрај тоа што во јавноста излегоа шпекулации дека Французинот паднал на истите.
Бакајоко со Челси потпиша четиригодишен договор и ќе го носи дресот со број 14.
„Многу сум среќен што сум овде и што се приклучувам на ваков прекрасен тим. Пораснав гледајќи ги натпреварите на Челси. Потпис со Челси беше природна работа за мене затоа што тоа е клуб кој го сакам многу од моето детство“– коментираше Бакајоко веднаш по потпишувањето на договорот со клубот од Лондон.