Официјално: Гигс нов предводник на Велс


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од Фудбалската Асоцијација на Велс го потврдија Рајан Гигс како нивен нов предводник. Прославениот фудбалер на Манчестер Јунајтед со Велс потпиша четиригодишен договор.

Ова ќе биде прва голема тренерска работа за Гигс кој искуство како самостоен тренер има само кога Дејвид Мојс заработи отказ пред неколку години.

„Горд сум што ми е дадена честа да бидам менаџер на националниот тим. Предизвиците кои ги имаме пред себе со Лигата на Нациите и квалификациите за Европското првенство во 2020 година ме возбудува многу“- коментираше Гигс на неговата промоција.

44 годишниот Гигс во својата 24 годишна кариера има 64 настапи во дресот на репрезентацијата на Велс на кои постигнал вкупно 12 гола.