До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
ОД таборот на Вест Хем потврдија дека искусниот француски лев бек, Патрис Евра ќе биде нов играч на клубот.
Французинот кој има богата кариера со Вест Хем потпиша краткорочен договор кој му истекува на крајот на јуни оваа година.
„Среќен сум што станав ’Чекан’ и што се враќам во Премиер Лигата. Не заборавајте, ја сакам оваа игра“- беа првите зборови на Евра по потпишувањето на договорот.
Евра работеше со актуелниот тренер на Вест Хем, Дејвид Мојс кога двајцата беа заедно во Манчестер Јунајтед. Покрај Вест Хем, сериозен интерес за левиот бек имало и од Евертон, но Евра се одлучил за повторна соработка со Дејвид Мојс.















