Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
РК Вардар и РК Металург остануваат претставници од Македонија во Лигата на шампиони (ЛШ), откако ЕХФ денеска ги објави екипите кои ќе настапуваат во најелитното европско натпреварување.
Металург веќе неколку години има успех во ЛШ, па поради тоа ЕХФ одлучи и наредната сезона да им дозволи да играат.
Останати екипи кои ќе се натпреваруват во ЛШ се: Барселона, Монпелје, Спортинг Лисабон, Адемар Леон, Нант, ПСЖ, Рајн-Некар, Скјерн, Силкеборг, Елверум, Фленсбург, Кристијанштад, Рихимаен, Висла Плок, Брест Мешков, Кјелце, Чековски Медведи, Татран Прешов, Везпрем, Мотор Запорожје, Пик Сегед, Динамо Букурешт, Бешикташ, Вардар, Металург, Динамо Загреб, Целје Пивоварна, Тун.