Официјално: Мутињо потпиша за Вулверхемптон


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот португалски интернационалец Жоао Мутињо е ново засилување на тимот на Вулверхемптон.

31 годишниот фудбалер од средниот ред е третото ново име ова лето во тимот на Еспирито Санто.

„Волците“ се повратници во Премиер лигата откако минатата сезона завршија на првото место во регуларниот дел од Чемпионшип лигата.

Инаку, Жоао Мутињо на „Мулинукс“ ќе остане во следните две години и е вториот португалски репрезентативец кој доаѓа во Вулвс ова лето, по голманот Руи Патрисио.