ОФИЦИЈАЛНО: Најдолга пауза за еден од клучните играчи на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фантастичниот играч за врска на Барселона ќе мора да паузира поради повреда на тетивата.

Фудбалерот на Каталонците, Иван Ракитиќ ќе паузира три недели поради повреда на тетивата, официјално објавено е денес.

Ракитиќ се повреди додека настапуваше за репрезентацијата на Хрватска во Лигата на нациите.

Барселона на него нема да може да смета против ПСВ во Лигата на шампионите и Атлетико Мадрид и Виљареал во шпанското првенство. Така што, ќе го пропушти гостувањето кај „Јорганџиите“ закажано за 24. ноември, што е дерби во првиот дел од сезоната во Ла Лига. Барселона моментално има само бод преднос во однос на пулените на Диего Симеоне.

За него ова ќе биде најдолго отсуство од теренот откако во 2014. година пристигна во Барселона од Севиља. Пропушти само три натпревари поради повреда, од што два изминатата сезона поради фрактура на прстот.