Официјално: Прандели нов тренер на Валенсија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Денеска конечно е потврдено тоа што се најавуваше во претходните неколку дена.

    „Слепите Лилјаци“ очајно ја отворија сезоната, врзаа четири порази на стартот, а цехот го плати тренерот Пако Ајатаран, човекот кој е доведен на кормилото после заминувањето на Гари Невил.

    Екипата тргна под Воро, кој ја водеше екипата во претходните две кола, врзаа две победи, но се знаеше дека овој Шпанец ќе биде само привремено решение.

    Прва желба на Местаља беше поранешниот тренер на Виљареал Марсељињо, но бирократијата спречи да се реализира тој план.

    Тогаш управата на чело со газдата Питер Лим тргна на Чезаре Прандели и неколку дена подоцна поранешниот италијански селектор е претставен како нов тренер на екипата.

    За Прандели ова е прва работа во Шпанија, но не и прв странски ангажман поради тоа што едно време го водеше Галатасарај.

    Во текот на тренерската кариера работеше во многу клубови во татковината – во Аталанта, Лече, Верона, Венеција, Парма, Рома и Фиорентина.

    Круна на неговата кариера беше селектор на Италија, а најголем успех кој го направи водејќи ги Аѕурите беше финале на ЕП во 2012 година во Полска и Украина.

    50-годишниот стручнак денеска со Валенсија потпиша договор до 2018 година, а уште вчера во етерот прочури неговата листа на желби во јануарскиот преоден рок.