Официјално: Реал Мадрид ангажираше талентиран напаѓач! (ВИДЕО)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во Мадрид пристигна Винисиус Жуниор, кој официјално беше претставен како ново засилување на Реал.

Младиот Жуниор веќе со денови тренира со Хулен Лопетеги и знае што очекуваат „кралевите“ од него. Сепак, 18-годишниот игрча беше претставен од Флорентино Перез денеска.

„Секоја сезона се обидуваме да го постигнеме тоа што го бара нашата историја. Последната година беше добра, но навивачите сакаат уште повеќе. Имаме 13 титули во Европа, но една од важните работи е како ќе ги освоиме тие трофеи во иднина, односно вложуваме во талентирани млади играчи“, вели Перез.