Официјално: Реал Мадрид со изненадувачки трансфер на два дена до крајот на преодниот рок


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид потврдија дека е постигнат договор со Лион за трансфер на фудбалерот Мариано Дијаз.

Младиот фудбалер минатата сезона си замина од Реал Мадрид и потпиша перманентен договор со Лион, но од „Кралскиот клуб“ се одлучија по само една година да ја искористат опцијата за откупување на договорот и за сума од 30 милиони евра го вратија крилниот фудбалер на „Бернабе“.

Мариано Дијаз со Реал Мадрид потпиша петгодишен договор, а на спортската јавност официјално ќе и биде презентиран на 31 август.

Инаку 25 годишниот фудбалер имаше одлична сезона зад себе во дресот на Лион каде на 45 натпревари постигна 21 погодок на кои придодаде и седум асистенции.