Официјално – Сити на крајот на сезоната останува без еден фудбалер!

Пабло Забалета на крајот на оваа сезона ќе го напушти Сити затоа што му завршува договорот со овој клуб.

Управата на тимот не му понуди нов договор на 32-годишниот фудбалер, па потврдија дека ќе замине од клубот.

Според медиумите, тој веќе има неколку понуди, а најконкретен бил Вест Хем кој му понудил 3-годишенд договор.

Забалета во Сити стигна пред 9 години од Еспањол за 6.5 милиони фунти. За нив одигра 332 натпревари и својот последен настап на домашен терен ќе го има против ВБА кој се игра во вторник.