Официјално: Стариџ нов фудбалер на ВБА


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иако се споменуваше трансфер во редовите на Интер, Даниел Стариџ кариерата ќе ја продолжи во редовите на ВБА.

Повремениот англиски репрезентативец остатокот од сезоната 2017/18 ќе го помине како позајмен фудбалер во тимот предводен од Алан Пардју.

„Ова е голем трансфер за нас и во името на сите од клубот му се заблагодарувам на Даниел што одлучи да биде со нас за преостанатите натпревари во лигата и купот. Тој има неверојатен талент и ќе ги зајакне нашите амбиции на двата фронта“- коментираше Пардју.

Стариџ во досегашната кариера има 74 гола во 114 натпревари како стартер во Премиер лигата и со сигурност ќе биде од голема помош за ВБА кон остварување на зацртаната цел а тоа е опстанок во Премиер лигата.