Официјално: Фелипе си пронајде нов клуб


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иако се зборуваше дека Фелипе си заминал од Вардар со цел да се врати во родниот Бразил, сепак одличниот офанзивен фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Казакстанскиот шампионат.

Бразилскиот интернационалец потпиша едногодишен договор со тимот на Каират и доколку задоволи со настапите ќе добие продолжување на истиот на дополнителна една сезона.

Хуан Фелипе беше најдобриот играч на Вардар по неговото пристигнување во клубот од редовите на ЦСКА Софија во 2015 година. Играчот неодамна побара раскин на договорот со Вардар иако  тој беше со важност до 2020 година.