Официјално: Јувентус ангажираше фантастичен дефанзивец (ФОТО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Жоао Кансело е нов фудбалер на Јувентус, откако утринава ги помина медицинските прегледи во Торино, па потпиша петгодишен договор со „старата дама“.

Фудбалерот пристигнува од Валенсија, а ќе биде замена за Стефан Лихтштајнер, кој претходно се пресели во Арсенал.

Претходната сезона, Кансело беше на позајмица во Интер, но „нераѕурите“ не се одлучија да го купат, па тоа го искористи Јувентус.

Инаку, Валенсија го купи Кансело од Бенфика во 2014. година, а досега за Португалија има одиграно седум натпревари и постигнато три гола.