Очекувана победа на репрезентацијата на Македонија против Турција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Машката ракометна репрезентација на Македонија со 31:27 славеше во воведниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Турција.

Победата беше очекувана затоа што уште од пред стартот на средбата Македонија важеше за огромен фаворит.

Нашите ракометари го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар, но од она што можеше да се види, избраниците на Гонзалес ќе мора да поработат за да ја кренат формата пред Светското првенство кое во јануари се игра во Германија.

Кире Лазаров со осум погодоци беше најпрецизен во нашиот тим,  а шест постигна Дејан Манасков. Со четири голови средбата ја завршија Георгиевски, Стоилов и Талески.

Следен предизвик е гостувањето кај селекцијата на Грција во  недела.