Пантиро победник во Санта Катерина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алексис Пантиро е победник во комбинација која денес беше возена во Санта Катерина.

Пантиро во слалом победи со 34 стотинки предност во однос на Марсел Хиршер, односно 1.13 секунди пред Александер Килде, кој водеше по супер-велеслаломската трка.

За Пантиро ова беше 3-та победа во низа во комбинација во Светскиот куп, а во минатата сезона освои и мал кристален глобус во оваа дисциплина.

Во вкупниот пласман во Светскиот куп води Хиршер со 713 бодови, а го следат Јансруд и Пантиро.