Паркер на прашањето зошто неговите детски кампови се бесплатни: “Заработувам доволно пари.”


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Добро познат факт е дека многу од НБА кошаркарите организираат детски кампови во кои малите кошаркари ќе можат да го развијат талентот и да научат потег или два од професионалците.  Сепак, повеќето од кошаркарите наплаќаат стотици и стотици долари на децата кои сакаат да бидат дел од нивните кампови.

Еден од нив не е Џабари Паркер.

Кампот на Џабари Паркер е бесплатен откако тој влезе во лигата во 2014 година. А вчера беше запрашан баш на таа тема и го одговори следното:

“Заработувам доволно пари. И плус, ова се деца. Зошто да им наплаќам кога не морам? Правејќи го ова, се надевам дека придонесувам на некој начин за нивната иднина.”

 

Голем дел од НБА кошаркарите сфаќаат како е да се биде дете со огромна желба за спортување бидејќи и тие самите така започнале да се занимаваат со кошарка. Исто така, огромен дел од овие кошаркари доаѓаат од сиромашни опкружувања и кога биле мали не можеле да си дозволат плаќање на тренинг-кампови, опрема или правилна исхрана. Затоа преку вакви гестови враќаат на општеството.

 

Џабари Паркер минатата сезона имаше повреда на вкрстените лигаменти во коленото и тоа е втора повреда од ист тип за крилото на Милвоки Бакс. Тој е во процес на рехабилитација и се очекува да ја започне сезоната спремен за настап.