Парма ангажираше тројца фудбалери од Интер


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Парма се врати сезонава во Серија А и има високи амбиции во друштво на најдобрите италијански тимови.

Парма поранено беше еден од поуспешните тимови во Италија, но во последните години влезе во длабока криза, па завршија и во пониските рангови на натпреварување.

Во новата сезона ќе влезе со неколку нови играчи, а сега претставија три засилувања од Интер.

Парма ги потврди пристигнувањата на Алесандро Басиони, Федерико Ди Марко и Џонатан Бијабијани.