Пекол за градителите на стадиони во Катар: Со месеци немаат плата, живеаат со два долари дневно…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Контроверзите кои се појавија поради подготовките на Мундијалот во Катар 2022. година се уште во центар на внимание. Оваа земја на чуден начин победи во конкуренцијата за организација на Светско првенство, па сега се удар на катарските компании, но поради непочитување на договорот кон работниците.

Илјадици работници беа ангажирани за изградба на инфраструктурата за Мундијалот, па тие пристигнаа од Непал, Индија и Филипините, а со месеци се без плата и зарабони во земјата.

Многумина од нив живеат од два долари дневно, па и помалку, со оглед на тоа дека им должат сума помеѓу 1.370 и 2.470 долари. Толку доцнат фирмите кон работниците, кои ги градат стадионоите.

Тоа што е уште пострашно е дека работниците мора да живеат под границите на човечко достоинство и во голема мизерија, а не можат да ја напуштат ниту земјата, зашто законите се такви дека работодавецот може да ги пушти да заминат, откако ќе заврши работата.

Во меѓувреме, од ФИФА соопштија дека поразувачката ситуација со работниците нема никаква врска со нив, ниту со Светското првенство.