Пензија по 21 сезона: Се повлече Кевин Гарнет


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот играч на НБА, Кевин Гарнет се прости од кошарката по 21 година.

    Гарнет во кариерата играше 2 пати за Минесота, а беше член и на Бостон и Бруклин.

    Во кариерата која ќе ја памети, Гарнет постави неколку големи рекорди на кои сите му се восхитуваат.

    Тој 15 пати беше избран во НБА тимот што е 4-ти најдобар на сите времиња.

    Беше 12 пати избран за дефанзивна 5-ка во НБА лигата, МВП во сезоната 2003/2004, 2007/08 беше избран за најдобар дефанзивец во НБА лигата.

    Во текот на кариерата постигна вкупно 26071 поен по што е 17-ти на сите времиња.

    Вкупно одигра 50418 минути во кариерата што е 3 на сите времиња и има 14662 скокови.

    Гарнет е избран за 5-ти пик на НБА драфт-от во 1995 година од страна на Минесота, па така стана 4-ти кошаркар кој директно од средно училиште стигна во НБА лигата.

    Минесота, но и цела лига ќе чека уште долго за да стигне играч со слични карактеристики.