Пеп Гвардиола не е добро решение за Реал Мадрид?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Шпанскиот тренер тврди дека не би бил добар избор за клупата на Реал.

    Гвардиола потврди дека минатата година добил повик од Реал, но исто така кажа дека не сакал да ја разгледува таа опција.

    Пеп беше капитен, а подоцна и најуспешен тренер во историјата на Барселона со 14 освоени трофеи од 2008 до 2014 година.

    „Јас сум голем навивач на Барселона и мислам дека на Реал не му е потребен таков тренер, а исто така сметам лично дека не припаѓам таму.“

    Пеп е во најголемата криза во тренерска кариера бидејќи на 6 натпревари по ред е без победа, а во сабота гостува кај ВБА.

    „Сакам што побрзо да се вратиме на победничките патеки и да ја победиме оваа криза.“