Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола, некогашниот играч на Барселна, сега тренер на Манчестер Сити, човекот кој освои практично се што можеше да се освои. Голем експерт во својата работа.
Се докажа во Ла Лига како тренер на Барселона, се докажа во Бундеслигата како тренер на Баерн, се докажа и во Премиер лигата со Манчестер Сити.
Пеп го продолжи договорот со „Граѓаните“ и ќе остане нешто подолго во овој клуб отколку што тоа беше случај со Барселона и Баерн, но сите знаат дека Шпанецот е некој кој секогаш бара нови предизвици и кој сака да се докаже во што повеќе лиги, на што повеќе различни позиции.
Гвардиола вчера беше главен предавач на Универзитетот во Ливерпул, во прашање е отсекот за модерни јазици и култура. Доби едно интересно прашање. Имено, покрај прашањата врзани за спортот, културата, политиката меаџерот на градот го праша Пеп дали постои нешто што не го освоил како менаџер и кои се неговите желби во иднина.
„Би сакал да бидам менаџер во некоја репрезентација. Порано или подоцна, тоа ќе се случи. Би сакал на секои три дена да бидам вклучен во фудбалот, но да бидам повеќе смирен, да играм повеќе голф. Моментално немам време за голф, така што, сигурно ќе се случи. Доколку добијам шанса и некоја репрезентација ме посака, доколку тропнат на мојата врата, се е возможно“, одговори шпанскиот тренер.