Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез истакна дека до овој момент нема стигнато никаква понуда на нивна адреса за Алваро Мората.
Во едно телевизиско интервју Перез истакна дека не разговарал со таткото на Мората за евентуално заминување на шпанскиот напаѓач.
„Никој не сака Мората да замине. Не сум зборувал со неговиот татко за негово заминување. Ние сме среќни што тој е со нас и мислиме дека ќе остане тука. Прочитав на некои медиуми дека сме договориле трансфер вреден 75 милиони евра, но нас никој не ни понудил ништо и немаме одржано преговори со ниту еден клуб за услугите на Мората.“- коментираше Флорентино Перез.
Алваро Мората силно се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а дали истиот ќе се оствари останува да видиме.