Перез се сретнал со семејството на Мбапе

Според извори на „Телефут“ претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имал средба со семејството на играчот на Монако, Килијан Мбапе.

„Кралевите“ се фаворити за услугите на Мбапе ова лето, а во битката за неговиот потпис се уште и ПСЖ, Ливерпул и Арсенал.

„Телефут “ објави дека претседателот на Реал, Перез бил во Франција овој месец за да го убеди фудбалерот да се пресели во главниот град на Шпанија.