Перез ќе му стави крај на Лопетеги: Легендарен играч седнува на клупата на Реал Мадрид!?

Реал Мадрид игра катастрофално на почетокот на новата сезона, во која ги предводи Хулен Лопетеги.

Шпанецот очигледно не се прилагоди на клупата на „кралевите“, а тоа може да се забележи по катастрофалните резултати.

По заминувањето на Кристијано Роналдо, ништо не е повеќе исто во Мадрид, па „кралевите“ се соочуваат со криза.

Лопетеги би можел наскоро да добие отказ, па како можни кандидати за негов наследник се споменуваат Антонио Конте и Гути.

Сепак, тешко може да се очекува дека Конте ќе преземе некој клуб до крајот на годината, па поради тоа Гути е главен фаворит.

Поранешниот играч на Реал Мадрид во моментов работи како помошник во Бешикташ.