Перез ќе прави ремонт во Мадрид: Реал купува двајца фудбалери од Премиерлига?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид ќе се реновира во јануари, а претседателот Флорентино Перез има неколку желби и ќе се обиде да си ги оствари наскоро.

Наводно, Перез сака да го продаде Лука Модриќ, кој и понатаму сака да се пресели во Интер, а тоа би отворило место за Кристијан Ериксен, кој има уште 18 месеци од договорот, но сака да го напушти Тотнем.

Ериксен не се огласи по повод шпекулациите, а исто така и Јувентус покажува интерес за него, како и за Маркус Рашфорд за кој заинтересиран е и Реал.

Младиот Англичанец не добива многу голема минутажа кај Жозе Мурињо, но тешко може да се замисли дека Манчестер јунајтед би го продал.

Реал, исто така, бара млад фудбалер за врска и стопер, како и напаѓач, кој може да игра на повеќе позиции во тимот.

Во овој момент, тешко може да се очекуваат големи засилувања во зима, иако се зборува дека Марио Ермосо од Еспањол би можел да пристигне на „Сантијаго бернабеу“, како и Никола Миленковиќ од Фиорентина.