Петручи не се сеќава на падот на тренинг


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Возачот на Дукати, Данило Петручи изјави дека го изгубил помнењето по падот на 3-от тренинг за ГН на Арагон.

    Петручи излегуваше од боксот во момент кога Еспаргаро изгуби контрола над својата Јамаха, која го удри и исфрли од патеката.

    Италијанецот падна на асфалтот и прво удри со своето десно рамо, а потоа и со тилот. Иако брзо стана, а подоцна изјави дека не изгубил свест, Петручи откри дека не се сеќава на ништо што се случило.

    „Проблемот е тоа што ништо не се сеќавам. Кога излегував од боксот, гледав кој оди по патеката и видов дека моторот на Пол ми се доближува и се случи судир. Во тој момент бев свесен, но не се сеќавав каде сум и реков дека сум во ред. Се вратив во боксот, но кога повторно излегов, не се сеќавав каде сум и не можев да се сетам дека се случил судир.“

    Петручи по тренингот беше на прегледи и дозволено му е учествува во денешната трка од 14 часот.