Победа откина два бода на Шкендија, Шкупи подобар од Работнички


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доста интересен и возбудлив натпревар во Тетово  одиграа екипите на Шкендија и Победа.

Прилепскиот клуб беше многу блиску до вистинска сензација откако во финишот на натпреварот ја имаше победата во свои раце. Сепак, Бесарт Ибраими не дозволи големо изненадување во Тетово и во 88. минута го изедначи резултатот на 3:3. Претходно Победа поведе преку Најдовски, но набрзо следуваше пресврт на Шкендија со головите на Изаир Емини и Бесарт Ибраими. Сепак тоа не ги поколеба избраниците на Штерјовски и преку Цветановски и Гешоски стигнаа пред сензационален резултат кој го спречи Ибраими.

Шкупи го слави Јашароски кој во 94 минута им донесе голема победа над екипата на Работнички. Домашниот тим поведе преку Мбела во 4. минута, но Нехар Садики го изедначи резултатот по само 15 минути игра. Кога сите мислеа дека двата тима ќе ги поделат бодовите Јашароски го совлада Шишковски за голема радост на Чаир.

Академија Пандев минимално со 1:0 славеше против Ренова, додека фаворизираниот Пелистер не успеа да слави против тимот на Скопје.