До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Диего Алвес! Уште еднаш…
Од која планета е тој? Со кое вештерство и магија се служи кога ќе ги види противниците како се спремаат да удираат кон голот? Некоја тајна дефинитивно постои. Ова не е нормално…
Неверојатниот Диего Алвес продолжува да прави чуда на голот на Валенсија. А фудбалерите на Атлетико Мадрид веројатно се молат на судијата да не досуди нов пенал. Им го одбрани и вторито на натпреварот!
Одбрани 19 пенали во Примера од 41 колку што ривалите му шутираа во шпанското првенство Со оглед дека два пати ја промашуваа рамката на голот, погодија само 20 пати од 41 обид. Значи, процентот на Алвес на примени голови е под 50 проценти?!
Во првото полувреме го одбрани ударот на Гризман од белата точка.
Ако за Французинот може да се каже дека е слаб изведувач од пенали, тогаш тоа дефинитивно не може да се каже за капитенот на Атлетико Габи. Човекот во Примера шест пати шутираше пенал и сите шест пати ги погоди.
Се до денеска кога се најде очи во очи со Диего Алвес. Поучен од искуството на Гризман, ја промени страната, но повторно не вредеше. Алвес го прочита ова.
Бразилецот е од некоја друга планета…















