Погба удри по Мурињо: „Имам што да кажам, но можам да бидам казнет поради тоа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба одигра одличен натпревар на отворањето на новата сезона во Премиер лигата против тимот на Лестер.

Погба кој беше избран за играч на натпреварот се отвори пред новинарите кога во прашање е односот со менаџерот. Иако тоа не го кажа директно, сите заклучија дека Французинот зборовите ги упатува кон Жозе Мурињо.

„Јас сум истиот Пол Погба од Светското првенство. Ова е друг тим, но јас се уште го давам максимумот. Кога ти е удобно, кога луѓето веруваат во сите многу е полесно. Доколку не си среќен и не го правиш тоа што го сакаш, нема смисла да се работи“- коментираше Погба.

Потоа беше запрашан дали се чувствува удобно во моментов, на што Погба кратко одговори:

„Има работи кои не можам да ги кажам, во спротивно ќе бидам казнет“- заклучи Погба.