До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот стратег Арсен Венгер против Барнли за последен пат го водеше тимот на Арсенал пред домашните фанови.
Цел стадион денес на величествен начин се прости од Венгер, кој пред натпреварот беше дочекан со шпалир од страна на двете екипи, додека целиот стадион го скандираше неговото име.
Арсенал на оваа средба победи со 5:0 и така на најдобар можен начин го испрати Французинот кој 22 години беше дел од овој колектив.
Во вториот вечерашен натпревар Челси со минимални 1:0 славеше против Ливерпул и со тоа се вмеша во трката за Лигата на шампионите.
The end of an era at the Emirates ?#MerciArsène pic.twitter.com/AogxC00QES
— Arsenal FC (@Arsenal) May 6, 2018













